Американски министер: Во САД ќе биде безбедно, но секогаш постои осамен волк

Натпреварите што ќе се одиграат во 11-те американски градови домаќини на Светското фудбалско првенство, кое почна во четвртокот и ќе се игра повеќе од еден месец, ќе бидат многу безбедни, но сепак не можеме да контролираме осамен волк, изјави синоќа американскиот министер за внатрешна безбедност, Марквејн Малин.
Во САД, кои заедно со Мексико и Канада се кодомаќини на Светското првенство, ќе бидат одиграни 78 од 104 натпревари на мундијалскиот турнир.
„Навистина ги засиливме нашите напори. Сите наши градови домаќини максимално соработуваа. Натпреварите ќе бидат многу безбедни, најбезбедни што можат да бидат. Но, не можеме да контролираме осамен волк“, истакна Малин.
Првиот натпревар што ќе се игра на американска територија е закажан за ноќта меѓу петок и сабота во Лос Анџелес, меѓу САД и Парагвај.
Финалето е закажано за 19 јули во Њујорк.
Во воведниот натпревар на Светското првенство, Мексико синоќа ја совлада Јужна Африка со 2-0 во Мексико Сити.
МИА
Ново на Сител
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
