Македонија
17. January 2024 - 16:28

Албанија ќе ги следела изборите во Македонија – важно било за Албанците во регионот и европската перспектива

Албанија најавува следење на изборните процеси на Македонија, оти тоа било во интерес на сите албанци од регионот, потврди албанскиот министер за надворешни работ , Игли Хасaни кој е во посета на земјава. Директно не одговори зошто и како Тирана ќе следи што се случува кај нас, но повторува дека грижата за албанците од регионот се приоритет. Воодушевен бил што Македонија за брзо ќе имала и албанец премиер...

И додека Албанија најавува дека будно ќе ги следи изборите во Македонија, Османи одбира зборови како да го окарактеризира обидот на Курти за влијание на македонската политичка сцена. Иако беше директно прашан дали тоа не е мешање во внатрешните работи на Македонија, Османи вели ќе имало импликации но не знаел во каква форма.

Албанските партии се уште тактизираат околу настапот на изборите. Од ДУИ чекаат одлука на Ахмети, дали самостојно или со СДСМ ќе ја трчаат трката за шеф на државата. Коалицијата на Меџити, Гаши и Касами потврди дека ќе испорачаат свој албански кандидат за претседател..И двете страни тврдат дека ја имаат поддршката од албанските гласачи, но кој ќе се добие најмногу ќе пресече одлуката на Таравари и Алијанса за Албанците дали ќе коалицира со Ахмети или Меџити, или ќе влезе во трката со свој кандидат.