Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка

Академскиот пленум го повика Александар Вучиќ веднаш да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија поради предизвикување судири и бруталноста на полицијата.
Тие изјавија дека синоќа во Нови Сад е спроведен „инсцениран конфликт“, по што полицијата употребила невидена брутална сила против студентите и граѓаните.
Режисер на овој настан е, како и секогаш досега, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што го докажа со синоќешниот настап на прес-конференцијата, каде што не можеше да ја скрие насмевката и среќата поради полициската бруталност и насилството врз граѓаните“, истакнува Академскиот пленум.
Тие исто така предупредуваат дека секој нормален граѓанин е шокиран од сцените од Нови Сад, и дека „само нечовек – очајна личност која ја брани владата по секоја цена“ може да биде среќен за нив.
Ги покануваме сите граѓани да ги внесат случаите на полициска тортура што ги доживеале во базата на податоци за насилство „За денот потоа“. Академскиот пленум ги предупредува сите членови на МВР дека многу брзо ќе дојде моментот кога секој полицаец ќе биде одговорен за прекумерната и неиспровоцирана употреба на сила“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
