АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрла тврдењата дека институцијата не реагира навремено во однос на појавата на сипаници кај малите преживари.
Како што нагласува, во услови на појава на заразни болести, од клучно значење е сите засегнати страни – институциите, ветеринарните друштва и одгледувачите – доследно да ги почитуваат пропишаните мерки и да дејствуваат координирано, со цел навремено сузбивање на болеста и спречување на нејзиното понатамошно ширење.
- АХВ останува целосно посветена на заштитата на здравјето на животните и зачувувањето на сточниот фонд. Постапува веднаш по добивањето лабораториска потврда за присуство на болеста, во согласност со законските надлежности, националните протоколи и меѓународните стандарди за контрола и сузбивање на заразните болести кај животните. По секој потврден случај, без одлагање се преземаат сите пропишани мерки, вклучително и ставање на жариштето под контрола, воспоставување заштитни зони и зони под надзор, спроведување епидемиолошка истрага, ограничување на движењето на животните, решенија за контролни и заштитни мерки и други мерки со цел да се спречи натамошно ширење на болеста и да се заштити сточниот фонд, наведува Агенцијата.
Додава и дека навремено и транспарентно ја информира јавноста за секој потврден случај и за мерките што се преземаат, со цел граѓаните и засегнатите страни да бидат навремено запознаени со состојбата.
- Во однос на постапувањето на останатите институции, Агенцијата нагласува дека секоја институција постапува во рамки на своите законски надлежности и овластувања. АХВ нема законска можност да ѝ наложува на друга институција како да постапува, туку во рамки на воспоставениот систем на меѓуинституционална координација соработува со сите надлежни органи. Насоките и мерките за справување со болеста се утврдуваат врз основа на проценка на ризик и стручни анализи од страна на експертската група, составена од релевантни стручни лица, а Агенцијата ги спроведува и координира мерките што се во нејзина надлежност, велат од АХВ.
Сточарите кои денеска беа на средба во АХВ, рекоа дека бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредија дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада.
МИА
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
