Бизнис
28. April 2023 - 16:32

45.000 работници не земале плата за февруари и март

Речиси 45,000 вработени  се уште немаат земено плата за февруари и март. Од нив, 32 илјади само во март, информира Управата за Јавни приходи. 

Газдите поднеле МПИН пресметки за над 25 илјади, но платите на работниците не им ги исплатиле, а за останатите вработени – воопшто не ни поднеле МПИН образец. Директорката на управата во брифинг со новинарите вели дека станува збор за 12,000 газди, од различни сектори.

Против сите нив, согласно законот, пратени се опомени, а ако не ги исплатат платите, ќе следува блокада на сметката, вели Лукаревска во брифинг со новинарите

Од почетокот на годината до денеска, УЈП  направила над 1,500 контроли, Не издавале фискални сметки половината, односно 702 трговски субјети.

УЈП во јануари влегла и на Пластичарска улица. Од 30 субјекти, 28 на купувачите не им давале фискална и не воделе евиденција на прометот. Добиле забрана за работа од 15 дена.  Некои од нив почнале да работат законски – при следната контрола во март на истата улица, од 37 контролира -  неправилности се констатирани кај 25.

Се контролирано и на Кванташки и на други пазари низ државата, но и во 33 златари. 18  не издавале фискални, но кај дел утврдиле дека златото било  шверцувано.

Контроли имало и во државното здравство.

- Од вкупно 13, кај  4 поликлининки  констатирно е дека не издавале фискални сметки. Од 10 проверенi клиники во Компалексот Мајка Тереза, 4 не издавале фискални. Се проверија и 16 приватни здравствени установи во Гостивар, а кај 2 имаше неправилности, , вели Лукаревска

УЈП проверува и следи околу 40 тина ризични даночни обврзници, каде како упраители или основачи се  јавуваат релативно млади лица, на 18 или 19 годишна возраст или пак повозрасни – над 75 години. Станува збор за фиорми кои вршат поштенски услиги, транспортираат стоки,водат  ресторани и салони за мебел.

Инаку во  првиот квартал, наплатата од даноците оди добро . Пад има само кај приходите од ДДВ, поради  намалената наплата на данокот  при увоз на електрична енергија,, додека пак, во исто време имало повисок износ за вповрат на ДДВ.