Зошто се дебелееме кога ќе престанеме да пушиме цигари?

Со пушење цигари се зголемува физичката активност и се намалува внесувањето на храна, а кога ќе престанеме да пушиме цигари, се добива спротивен ефект. Пушачите, во просек, имаат помалку килограми од непушачите, а влијанието на никотинот на метаболизмот е комплексен. Се претпоставува дека никотинот го зголемува влијанието на лептинот и грелинот, што резултира со намалување на апетитот.
Лептин е полипептид кој се произведува во масното ткиво. Концентрацијата на лептин ја одржува количината на енергијата која се складира во масното ткиво, а нивото на лептинот зависи од калориите и директно е пропорцинален на количината на масното ткиво.
Грелин е хормон кој го стимулира апетитот. Станува збор за полипептид кој се произведува во желудникот. Тој, заедно со рецепторот се наоѓа во целото тело и на тој начин влијае на многу телесни функции.
Делувањето на грелинот го потиснува никотинот и го зголемува делувањето на лептинот, а крајниот резултат е намалување на апетитот. Никотинот влијае на симпатичниот нервен систем, а резултат е зголемено ниво на адреналин и забрзување на метаболизмот.
Со престанување на пушењето цигари се зголемува апетитот и заздравуваат рецепторите за вкус на јазикот, поради што личноста која престанала да пуши подобро го чувстува вкусот на храната.
Ново на Сител
-

Прогласена епидемија на западнонилска треска во пет скопски општини - почина 83 годишен скопјанец
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Македонија регистрирани 26 случаи на западно-нилска треска
-

Зголемен интерес за упис на УГД-Штип
-

Младите од Прилеп бараат отворање на Младински културен центар, како и повеќе културни и спортски настани
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
