-->
-->
Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
-->

Скопјанка синоќа беше ранета во рамото од заталкан куршум додека седела во дворот од својот дом во скопската населба Драчево, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 14 септември во 21:45 часот Секторот за внатрешни работи Скопје бил известен од Поликлиниката Драчево дека кај нив била донесена повредената Ј.С. (57) од Скопје.
Според пријавеното, околу 20:40 часот, додека била во дворот од семејниот дом, жената почувствувала удар во рамото, а по лекарски преглед било утврдено дека повредата е предизвикана од зрно од огнено оружје.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот и утврдување на околностите и сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
