Македонија
15. May 2026 - 14:50

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип

На 15.05.2026 година во 04:24 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив било донесено мртво новороденче.

Според пријавата, мајката Ѓ.У. (35) од село Конче, радовишко, се породила во домашни услови. Лекарите во болницата констатирале смрт кај новороденчето, а мајката била задржана на Одделението за гинекологија во Клиничката болница Штип.

Од полицијата информираат дека извршен е увид на местото и бил извршен разговор со сопругот К.У. (33) од истото село. Според првичните информации, жената добила породилни болки околу 02:00 часот и се породила во дворот на семејната куќа.

За случајот е известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.