Македонија
5. August 2023 - 16:33

Зголемениот број на туристи го наполни Охрид со отпад

Охрид во шпицот на сезоната преплавен со ѓубре.Во утринските часови сликата е грда насекаде може да се видат расфрлани лименки ,пластични шишиња и остатоци од храна,но најкритично е во центарот на градот покрај кејот ,пекарите и на оние места каде се организираат концертите . Од ЈП Охридски Комуналец велат дека условите се вонредни огромен е притисокот врз градот,механизацијата 24 часа е на терен во текот на денот се собира  80 тони најразличен отпад .

Од охридско Комуналец велат дека по примерот на Србија за поефикасно справување со овој проблем потребно е да сe формира комунална полиција.

И покрај постојаните апели изминативе години за поголема еколошка свест кај граѓаните од сето тоа сеуште ништо ,истата слика се повторува секое лето .