Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути.
На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
