Зеленски: Заедно со Трамп му предложивме на Путин средба во САД, сега чекаме одговор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД.
- Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната - изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција.
Според него, Путин досега одбивал таква средба.
- Со САД и со Франција разговаравме за можноста за средба со Русија на маргините на форумот на Г-7, со учество на сите демократски држави. Путин не го сака тоа - рече украинскиот претседател.
Тој додаде дека вчера разговарал со Трамп за можноста „таква средба да биде организирана во САД, во формат во кој на Путин ќе му биде значително потешко да ја одбие, особено поради присуството на американскиот претседател“.
- Ќе видиме што ќе се случи. Ако Русија ја одбие оваа можност, ќе биде неопходно да се изврши дополнителен притисок - нагласи Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
