-->
-->
Зеленски: Во Белорусија деактивирани релејни антени, користени за напади со руски дронови
-->

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека релејните антени на територијата на Белорусија престанале да работат на 22 јуни.
– Сè уште не знам дали се демонтирани или не. Но, работиме на тоа. Ја следам ситуацијата многу внимателно и добивам дневни извештаи. Факт е дека овие антени во моментов не се оперативни, посочи Зеленски.
Минатата недела украинските власти испратија ултиматум до Минск да ги отстрани релејните антени што се користат за корекција на траекторијата на руските беспилотни летала со цел да се зголеми точноста на нивните напади врз Украина.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
