Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев е способен на долг рок да произведе доволно високотехнолошко оружје за да го надмине капацитетот на Русија, јави ДПА.
Средбата со воените претставници, владините министри и претставниците на одбранбената индустрија се фокусираше на зголемување на производството во рамките на украинските програми за беспилотни летала и ракети, рече Зеленски во објава на Телеграм.
Киев неодамна употреби ново оружје за да ги гаѓа руската нафтена индустрија и производителите на одбрана, потсети германската агенција.
Зеленски наведе дека им наложил на министерствата за надворешни работи и за одбрана да се фокусираат на соработка со партнери кои би можеле да обезбедат дополнително финансирање за производството на оружје на Украина.
„Инвестирањето во украинското производство е инвестиција во принудувањето на Русија на мир“, рече тој.
Зеленски истакна дека спроведувањето на украинскиот план за „санкции со долг и среден дострел“ покажа дека способноста на Русија да води војна може да биде ослабена со доближување на последиците од конфликтот до секојдневниот живот за руското општество.
Тој додаде дека Киев ќе продолжи со својата политика на зголемување на цената на окупацијата за окупаторот и ограничување на опциите на Русија за финансирање на војната.
Украина се бори против целосната инвазија на Русија повеќе од четири години, а изгледите за краткорочен мировен договор остануваат мали, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
-

Преглед на вестите од светот
-

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
-

Прес конференција на министерот за здравство
-

ЗНАМ: Сите опции се на маса
-

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија
