Македонија
26. јуни 2026 - 12:11

Голем мјузикал со над 100 македонски уметници - трет проект за одбележување на независноста на Македонија

Голем мјузикл со повеќе од 100 уметници ќе ја одбележи 35-годишнината од независноста на Македонија. Надлежните го претставија третиот голем проект од програмата за прослава, кој ќе се изведува во 15 градови низ државата. Режијата е доверена на Дејан Пројковски, а главната улога ќе ја толкува Игор Џамбазов. Покрај мјузиклот, за кој други детали не беа објавени, 35 години независност ќе бидат прославени и со настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ и со музичкиот спектакл на плоштадот Македонија во Скопје, на кој главна ѕвезда ќе биде шпанскиот тенор Хозе Карерас.