Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
Управување со необележан и нерегистриран пловен објект, немање задолжителна опрема ,управување за време на забрана за пловидба , превезување поголем број патници од дозволениот, управување под дејство на алкохол се најчестите прекршоци при акциските контроли на Езерската полиција и Капетанија на пристанишатата од акде анјавија дека ваквите активности ќе продолжат се со цел поголема безбедност во водите на Охридското езеро.
При последната контрола на 63 пловни објекти на Охридското езеро откриени биле 52 прекршоци и девет лица кои управувале под дејство на алкохол а неправилности се затекнати и кај 9 лица кои издаваат педалинки.Надлежните аплеираат до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките.
Во 2025 година од 179-те инспекциски надзори кај 120 биле утврдени прекршоци .Инаку во регистарот на Капетанија на пристаништата има 3532 пловни објекти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
