Започнуваат зимските попусти во Грција

Зимските попусти во Грција започнуваат денеска, ќе траат речиси 50 дена, заклучно со 28 февруари, а според претседателот на Трговско и индустриската комора на Пиреас Василис Коркидис, очекувањата се трговците да остварат промет од над шест милијарди евра, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на попустите, бизнисите се обврзани да ја наведат претходна цена пред намалувањето, што е најниската цена по која производот се продавал во 30-те дена пред почетокот на попустите, врз основа на која се пресметува попустот, односно јасно да биде прикажана старата и новата намалена цена на секој производ.
Дозволено е да се прикаже процентот на попуст, а ако попустите се однесуваат на над 60 отсто од продажните производи, процентот или опсегот на попустот („од …% до …%“) мора да се прикаже во излогот, додека пак ако попустите се однесуваат само на одбрани производи, тоа мора да биде јасно истакнато.
За непочитување на законските одредби предвидени се и казни, односно во случаи на неточни или лажно прикажани попусти, глобата може да достигне два проценти од годишниот промет на компанијата, со минимална сума од 20.000 евра, а во случај на повторен прекршок во рок од пет години, процентот се зголемува на четири отсто.
Согласно грчките закони, продавниците можат по избор да бидат отворени првата и втората недела од зимските попусти, односно на 18 и 25 јануари при што предложеното работно време за недела од 11 до 18 часот.
Претседателот на Трговско и индустриската комора на Пиреас, Василис Коркидис, за грчката државна агенција АНА-МПА оценил дека годишната продажба во малопродажбата покажува знаци на стабилизација, со раст што се проценува на околу пет отсто, а целта за промет над шест милијарди евра во малопродажбата за првите два месеци од годината ја смета за амбициозна, но остварлива.
– Се чини дека зимските попусти, и покрај економската замореност по празниците, ќе ги исполнат очекувањата на трговците и потрошувачите и оваа година ќе имаме потрошувачка малку подобра од лани, со цел прометот во малопродажбата во јануари-февруари 2026 година да надмине шест милијарди евра од истиот период лани, истакнал Коркидис.
Според него, потрошувачките навики во периодот на зимските попусти во голема мера се утврдени и се фокусираат главно на лични и семејни потреби: околу шест од десет потрошувачи купуваат за време на попустите; тројца од десет се насочени кон облека и обувки; двајца од десет кон технолошки производи, а еден од десет кон производи за домаќинство.
Во Грција два пати во годината има големи попусти, едните на лето, што почнуваат на вториот понеделник во јули и траат до крајот на август и вторите, зимските од вториот понеделник на јануари до крајот на февруари.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова бара конструктивност од Радев, Мицкоски потврди - Бугарија уште 2 пати не блокираше
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
-

Стартап академија ги поврза младите од Македонија и Бугарија
