Недостатокот од витамин Б-12 предизвикува чест замор кај децата
Ако детето често се жали дека е уморно или исцрпено, покрај недостатокот на сон, може да му недостасува и витамин Б-12 во телото, објаснуваат педијатрите. Тоа е клучен витамин што на детето првенствено му е потребен за создавање црвени крвни зрнца и ДНК.
Покрај тоа, многу испитувања покажуваат дека овој витамин е одговорен и за одржување на здравјето на нервниот систем. За разлика од другите витамини, Б-12 го нема во овошјето и зеленчукот бидејќи растенијата не го произведуваат. Наместо тоа, детето најчесто може да го добие преку месо - главно пилешко или мисиркино, како и млечните производи.
Благодарение на тоа што овие намирници се лесно достапни, недостатокот на витамин Б-12 не е честа појава. Доколку сепак се случи тоа, децата најчесто се жалат на замор и исцрпеност, а се јавува и бледа кожа на лицето, мускулна слабост, проблеми со концентрацијата и помнењето, и дигестивни нарушувања.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
