Македонија
22. September 2026 - 12:47

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него

Трагичен случај е регистриран во гостиварското село Равен, каде 60-годишен маж бил пронајден починат на фудбалскиот стадион, а при увидот тешко се повредил и полициски службеник.

Според информациите, вчера во 23:15 часот во ОВР Гостивар, Ј.А. (45) од Равен пријавила дека нејзиниот сопруг А.А. (60) околу 7 часот заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на телефонските повици.

По преземените мерки, во 00:20 часот на 22 септември, мажот бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во селото. Во негова непосредна близина била пронајдена моторна пила.

Лекар од Ургентниот центар во Гостивар ја констатирал смртта, а увид извршиле јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.

За време на службените дејствија, околу 1:50 часот, полициски службеник паднал во отворена и необележана бетонска шахта длабока околу 1,5 метри.

Полицаецот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.