Закажаните термини од мај, денеска се фотографираат во ПС „Пролет”
Оние кои имале закажано термин од втори мај за нови лични документи, уште денеска почнаа да се фотографираат во полициската станица Пролет. Пунктот повеќе не функционира за граѓани кои немаат закажано. Вообичаените гужви ги нема, а во пунктот чекаат за сликање само оние на кои им се јавиле да дојдат да се фотографираат.
Од денеска во П.С Пролет работат 14 базни станици за фотографирање. Според техничкиот министер за внатрешни работи, со новата одлука процесот за вадење лични документи ќе се забрза.
Но граѓаните кои пробуваат да закажат за пасош на телефонските броеви, не можат да добијат оператор. Тошковски вели системот е блокиран, од премногу повици за закажување.
Иако навидум гужвите пред Пролече се расчистуваат, сепак за подигнување на документите граѓаните се враќаат и по три пати поради преголемите гужви, со надеж дека овој пат ќе ги подигнат.
Уште пет дена истекува рокот за оние граѓани кои немаат пасоши со новото уставно име. Без Северна Македонија по 12 февруари нема да може ниту да се влегува ниту да се излегува од земјава.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
