Загрозена безбедност на капачите во Охридското езеро
Глисери и скутери дивеат по охридското езеро загрозувајќи ја безбедноста на капачите.Многу често некои од пловилата со голема брзина возат до самиот брег на плажите.Голема опасност претставуваат и педалинките кои најчесто ги користат младите не почитувајќи ги препораките тие не се ставени под законска контрола, а капачите многу често вршат претовар или пак се качуваат на педалинка без задолжителните елеци за спасување.
За безбедноста во пловидбата на целото езеро се грижи само еден инспектор, откако вториот неодамна замина во пензија во координација со полицијата и асистенти .Од друга страна новите пловила кои ја загрозуваат безбедноста се далеку побрзи од оние со кои располага Капетанија.
Од Капетанија на пристаништата велат дека регистрирани се 2800 пловила а само за еден викенд во шпицот на сезоната во водите на езерото има 300пловила од најразличен вид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
