Забележавте ли нeшто ново на „Фејсбук“ утринава?
Една од ретките промени на „Фејсбук“ која корисниците ја прифатија како позитивна. Од денеска на „фејсбук месинџер“ ви се достапни повеќе од 1.000 нови емотикони, а старите се променети.
Компанијата одлучи да го промени изгледот на сите „смајли“ достапни на социјалната мрежа, со цел истите подобро да го рефлектираат полот и бојата на кожата.

Покрај во апликацијата за допишување, новите емотикони се гледаат и на десктоп верзијата на сајтот.

На корисниците на „месинџер“ сега им се овозможува да одберат различна боја на кожа за сите емотикони, слично како што тоа може да се направи од тастатурата на iOS уредите.
Инаку, новите „смајлиња“ се стандардизирани, па така на сите платформи тие ќе се покажуваат идентично.

Многу од новите емотикони се всушност женски карактери, со што „Фејсбук“ го дава својот придонес за полова рамноправност.

Од најпопуларната социјална мрежа истакнуваат дека со текот на времето нивните емотикони ќе станат уште поразновиднии.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
