Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва во црква во Белград за жртвите во Нови Сад

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во црквата Свети Сава, во 11 часот, ќе присуствува на помен и молитва за жртвите од падот на бетонската настрешница пред една година во Нови Сад кога загинаа 16 луѓе.
Српскиот патријарх Порфирије ќе служи во храмот парастос за жртвите од трагичната несреќа на железничката станица во Нови Сад, како и за сите починати православни христијани по повод Задушница, соопшти СПЦ.
Претседателот Вучиќ во своето обраќање вчера до граѓаните изјави дека денеска, на годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад, ќе оди во црква и ќе запали свеќа за секоја од 16-те жртви на таа трагедија и ги повика сите луѓе да го сторат истото, како и да покажат почит кон нив и едни кон други, и денот да помине мирно.
Во Соборниот храм во Нови Сад, утрово почна литургијата по повод Митровденска задушница, по што ќе се одржи парастос за загинатите при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, како и за сите починати православни христијани.
МИА
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
