Втор обид за нов директор во М-НАВ, откако првиот предлог на ДУИ не ги исполнувал условите
Владата попладнево смени двајца од тројцата директори на Македонска навигација. Смената доаѓа по упадот на 8-члената група предводена од партискиот функцинар на ДУИ Беким Незири во кулата за контрола на летови, но по барањата на Синдикатот на М-НАВ да се прекине со партиски вработувања во навиганцијата.
Разрешен е извршениот директор Фахрудин Хемиди. На негово место е именуван Хекуран Асани, активен контрол на летање во М-НАВ и кој ги има потребните дозвол, но повторно с еповрзува со ДУИ. На местото на Љубе Стаменковски кој пак, уште пред Нова година застана зад барањата на Синдикатот и си поднесе оставка, треба да дојде Милан Кораќ, исто така вработен во М-НАВ.
Третиот директор Хасим Деари не бил разрешен од Владата. Неофицијално тој не бил задолжен за контролната кула, туку само за адмнистрацијата во акционерското друштво.
Асани, како извршен директор, денеска е втор избор на Владата.Имено, првичната информација беше дека на оваа позиција е именуван Илир Мехмети, кадар на ДУИ, поранешен директор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. Но, во јавноста веднаш излегоа информации дека Мехемети не ги исполнува условите: ниту е вработен во МНАВ, ниту има за надзорен контролор на летање. Мехмети е контраверезен и затоа што на државна сметка во 2009 година патувал со сопругата во Мадрид, а уништил и една од цесниите за вежби на Стенковец.
Неофицијално министрите не добиле информација од владината служба дека Мехмети не ги исполнува законските услови за извршен директор на М-НАВ, но по рекација на дел од нив подоцна е повлечена првата одлука и е донесена нова одлука Асани да е нов директор.
По ваквиот епилог во М-НАВ засега првичните информации од Синдикатот се дека најавениот штрајк за утре на контролирите за летање се става во мирување. Повеќе детали за ставивите на Синдикатот во Вестите во 21.
Рекациите на опозицијата за случувањата во македонски навигација пак не престануваат, бараат одговорност.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
