Македонија
16. December 2023 - 21:21

Врсничкото насилство во училиштата ризик за менталното здравје на децата

Булингот зема се поголем замав и во Охрид. Она што најмногу вознемирува е тоа што од оваа состојба најпогодени се младите од основните и средните училишта кои доживеале потсмев, омаловажувања, клоци,и  боксови. Учениците велат дека насилниците обично сакаат да доминираат или да се прават важни, исмевајќи ги поповлечените деца.

Дел од учениците по случајот со убиството на младата Вања стравуваат и за својата безбедност.

Професорот Божиноски вели дека постојано се работи на зајакнување на капацитетите на децата за препознавање и пријавување на насилството.

Врсничкото насилство е присутно насекаде, но најмногу со него се соочуваат во училиштата, но и на интернет, улица и на многу други места.

Најкористениот вид на врсничко насилство се вербалните напади, но не изостануваат ни физичките со што се вклучува психолошката страна на проблемот.

Врсничкото насилство е сериозен проблем, затоа што може да остави последици врз менталното здравје на учениците.