Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата.
На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе и биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“.
Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант му беше врачено на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство.
По завршување на меѓународното поетско читање „Мостови“ ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“.
Ќе се реализира и традиционалниот излет со брод до манастирот „Свети Наум“, каде ќе се одржи поетско читање, а ќе биде доделена и награда за најдобра песна посветена на виното „In vino veritas“.
Во рамките на фестивалската програма утре предивдено е „Поетско матине“ во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци.
Струшките вечери на поезијата свечено беа отворени во средата со традиционалното палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот за 2026 година, поетесата Анеке Брасинга од Холандија.
Манифестацијата Струшки вечери на поезијата се одржува под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, финансирана од Министерството за култура и туризам.
МИА
Ново на Сител
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
-

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална
-

Студентите во блокада во Србија на протест во Краљево
