Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност

– Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека глорификацијата на нацизмот што се случува во Украина е само дел од посериозен проблем и дека главниот проблем е што неонацистичката идеологија е ставена во темелите на модерната украинска државност.
– Неверојатно е што се случува во Украина во моментов. Глорификацијата на нацизмот е само половина од проблемот. Но, вистинскиот проблем е што оваа неонацистичка идеологија денес е темел на украинската државност. Луѓето што уништија стотици илјади Полјаци, Евреи и Руси – стотици илјади – се глорификуваат, изјави Путин во изјава за руската телевизија Вести.
Тој рече дека борбата против русофобијата и желбата да се уништи сè што е руско во Украина „е една од причините за спроведување на специјална воена операција во Украина“.
– Денешните украински власти го направија неонацизмот основа на нивната државна идеологија. Тоа е ужасно. И ние нема да го трпиме тоа. Токму тоа е една од причините за спроведување на специјална воена операција – борбата против неонацизмот, против русофобијата и обидите за искоренување на сè што е руско, нашата култура, нашата историја, нагласи Путин.
Рускиот претседател посочи дека дури и земји кои не ја симпатизираат Русија, реагираат на глорификацијата на нацизмот во Украина, наведувајќи ја Полска како пример.
– Колку и да звучи чудно, дури и во денешната исклучително тешка ситуација, сметаме дека е важно и другите земји да обрнат внимание на ваквите околности, дури и оние кои се далеку тоа да ја симпатизираат Русија. И покрај добро познатата русофобија во полската политика, полските власти сериозно обрнуваат внимание на основните принципи на денешната украинска државност. Мислам пред се на идеологијата на нацизмот, изјави Путин.
Полскиот претседател Карол Навроцки неодамна му го одзеде почесниот Орден на Белиот орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако одлучи да именува активна украинска воена единица по Украинската бунтовничка армија (УПА), организација која во Втората светска војна се бореше за независност на Украина, а во Полска првенствено се памети по нејзината улога во масакрите во Волинија, едно од најболните поглавја во историјата на украинско-полските односи
Ново на Сител
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
