Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина

Војската на САД синоќа соопшти соборила неколку ирански дронови чија цел биле бродови што минувале низ Ормуската Теснина.
„Иран лансираше повеќе дронови за еднократен напад во обид да погоди комерцијални бродови кои транзитираат низ Ормуската Теснина“, соопшти Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во објава на социјалните мрежи.
„Американските сили ги соборија сите во изминатите неколку часа, додека протокот на сообраќај низ теснецот продолжува непречено. Меѓународниот трговски коридор останува отворен за транзит“, се додава во објавата.
Американската војска не соопшти повеќе детали.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно оваа недела изјави дека американската војска им помага на нафтените танкери и комерцијалните бродови да поминат низ Ормуската Теснина во она што тој го опиша како „тајна мисија“ за да се задржи отворен овој клучен поморски пат.
Според извештајот на Британската организација за поморски трговски операции, моментално помалку од 10 бродови дневно транзитираат низ протокот. Пред Иран практично да ја блокира рутата како одговор на конфликтот со САД, низ неа дневно поминувале околу 130 бродови, се наведува во извештајот.
Ормуската Теснина и понатаму е една од најважните рути за транзит на енергенси во светот, преку која се пренесува значителен дел од глобалните резерви на нафта и течен природен гас.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
