Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт.
Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 година.
Експертите предупредуваат дека невообичаено топлото море може да донесе последици и во наредните месеци, вклучително и пообилни врнежи и посилни зимски бури во Холандија.
Високите температури влијаат и врз морскиот еко-систем, бидејќи рибите се преместуваат во други области, што може неповолно да влијае врз риболовот како стопанска дејност.
МИА
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
