Македонија
8. July 2023 - 16:24
Водата во Охридското Езеро на потегот од Свети Наум до Радожда е од прва класа и е безбедна за капење
Туристичката сезона во Охрид е во полн ек, а водата во езерото е безбедна за капење. Последните анализи на Центарот за јавно здравје на потегот од Свети Наум до Радожда покажале дека површинската вода е од прва класа. Со зголемувањето на температурите и бројот на туристи, се очекува одреден пад на квалитетот, но од центарот велат дека будно ќе ја следат ситуацијата.
Препорака и ова лето е да се користат безбедните капалишта долж брегот и да се почитуваат препораките на спасителите на вода.
Од Црвениот крст апелираат до сопствениците на педалинките кои секоја сезона се тред кај најмладите да ги издаваат само со елеци за да нема несакани последици.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
