Македонија
24. јуни 2023 - 16:34

Во западна Македонија, во Кичево и во Струга е најизразен проблемот со напади од улични кучиња

Кучињата скитници остануваат сериозен проблем. Најкритично во Западна Македонија е во Кичево. Таму речиси и да нема ден а да не е нападнат некој граѓанин, но лоша е состојбата и во Струга.

Според податоците на СВР Охрид од 1 јануари до 19 јуни, во кичевско биле регистрирани 127 инциденти.

Регистирани се 127 инциденти на напади и каснувања од кучиња скитници, за разлика од истиот период пред една година кога имало 121 настан- велат од СВР Охрид

Граѓаните се преплашени, тие стравуваат кога излегуваат од своите домови, но велат најкритично е за децата и постарите.

Инаку според податоците од охридската полиција, од почетокот на годинава до месец јуни во Охрид имало 5 додека во Струга 26 случаи, додека изминатата година од 1 до 19. 06 во Охрид 9, дoдека во Струга 7  пријави на граѓани од агресивни кучиња.