-->
-->
Во заедничка акција на Шпанија и Еквадор запленети 21 тон кокаин
-->

Шпанија и Еквадор разоткрија меѓународен синџир за шверц на кокаин, при што во заедничка полициска операција се запленети 21 тон дрога.
Надлежните служби соопштија дека операцијата била резултат на повеќемесечна координација меѓу безбедносните органи на двете земји, насочена кон разбивање на криминална мрежа што организирала транспорт на големи количества кокаин кон европскиот пазар.
Во рамки на акцијата се спроведени претреси и приведени се повеќе осомничени, додека истрагата за утврдување на целосната структура на криминалната организација продолжува.
Властите оценија дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во последните години во заедничките операции на Шпанија и Еквадор.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
