Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова

Во организација на Здружението за заштита на човековите права на прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија „Ѕвезда“ од Велес и Општинскиот огранок на борци, а со поддршка на Општина Велес, денеска пред спомен бистата на Мирка Гинева во Велес спроти Гимназијата во Велес, беа одбележани 80 години од нејзината херојска смрт, како и 77 години од крајот на Граѓансата војна во Грција 1946-1949 и 78 години од егзодусот на децата бегалци.
На спомен плочата на загинатите борци од Граѓанската војна во Грција во Велес каде е и спомен бистата на Мирка Гинова денеска букети со цвеќе во знак на почит положија повеќе делегации на здруженија на Македонците од Егејот кои живеат во Македонија, од Штип, Радовиш, Скопје и домаќините од Велес заедно со претставници на Општинскиот сојуз на борци на Општина Велес и членови на семејствата на загинатите борци, кои и им оддадоа почит со едноминутно молчење.
Бошко Божиков организатор на средбата од велешкото здружение „Ѕвезда“ во обраќањето до присутните на настанот потенцира дека се собрале на ова, како што рече, свето место, пред ова спомен оболежје, каде се врежани имињата на многу наши татковци, мајки, роднини.
-Тие ги дадоа своите животи во потрага по силно светнатиот ден кој денес го имаме само во Република Македонија. Овде сме пред ова спомен обележје да им оддадеме почит и да им кажеме големо благодарам на сите запишани во срцето на овој град, потенцира Божиков.
Оддавајќи им почит на борците на ДАГ кои се бореле во Граѓанската борба во Грција за хероината Мирка Гинова денеска потсети Тодор Петров претседател на Светскиот македонски конгрес.
-Денеска е тажен ден за помен и спомен за тие кои ги положиле животите пред олтарот на татковината и се вградиле во темелите на државноста, за слобода на македонскиот народ и држвата Македонија, посочи Петров.
Мирка Гинова била убиена на денешен ден 26 јули 1946 година. Била Македонка, учителка и борец.
-Мирка Гинова е деец и борец за демократија и слобода во времето на Втората Светска војна и Граѓанската војна во Грција. Заедно со илјадници македонски и грчки патриоти се борела против фашистичките окупатори на Грција, а потоа и против сили на реакцијата и монархофашизмот. Мирка Гинова беше жена која не го прифатила животот во милост како замена за идеалите на македонската борба и слобода, потенцира Петров.
Тој потсети дека Мирка Гинева како борец на македонското национално и ослободително движење стана симбол за храброста и смелоста на македонската жена.
Воедно потсети на писмото на еден грчки војник кој по службена должност просуствувал на тажниот чин на нејзиното погубување, кое го адресирал до нејзиниот татко.
Во писмото испратено до нејзиниот татко тој напишал: „Ви честитам за ќерката што сте ја родиле. Ја пресретна смртта со насмевка на усните, смело пеејќи и присутните се зачудивме. Во 5:30 часот и се доближив и прашав дали сака нешто да им напишан на родителите: Таа ми рече ако милувате, пишете му го на татко ми следното: „Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот на другите, а не за мојот“. Беше чудесна, ниту пред смртта не покажа малодушност, а исто така и другите шестмина, но повеќе таа. Не ви ги пишувам овие зборови за да ја пофалам вашата ќерка, туку ја изложувам само вистината што ја видов. Ве поздравувам јас, еден војник кого должноста го натера да присуствува на овој жален чин и ја имав желбата да ви ги напишам последните зборови на незаборавната Ирина, на сите позната како Мирка“ - напишал тој.
Инау присутните делегации потоа од Велес заминаа во Болницата за туберколозни заболувања Јасеново кај Извор каде се лекувале голем број од ранети борци на ДАГ, учесници во Граѓанската војна во Грција, а некои и тука починале и се закопани во заедничка гробница во кругот на болницата.
На спомен обележјето во нивна чест во болницата Јасеново, поставено во 2013 година, денеска делегациите на егејските здруженија во Македонија положија букети цвеќе и им оддадоа почит со едноминутно молчење.
МИА
Ново на Сител
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
