Македонија
7. May 2022 - 21:16

Во Струга се одржа Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец

Огромен број верници од земјава и странство излегоа на струшките улици да им одадат почит на моштите на Свети Георгиј Победоносец. На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, со моштите, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица традиционално градот на мостовите беше осветен.

Струшката литија, како што нагласи сестра Ефимија од манастирот во Рајчица, ги обединува различните народи и култури.

Верниците среќни што конечно после пандемијата слободно без маски можат да се  поклонат на светителот за здравје и благосостојба.

Струшката еродија е од една од најпознатите во целиот православен свет и се одржува ден по големиот христијански празник посветен на Свети Георгиј Победоносец или кај народот познат Ѓурѓовден.