Македонија
24. August 2026 - 16:32

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево продолжува со работа на најсложениот дел

Останува рокот во првиот квартал на идната 2027 година автопатот Охрид-Кичево целосно да биде ставен во функција.Во однос на најтешкиот дел на делницата од Извор до Врбјани веќе две галерии се целосно завршени, третата е некаде со 70, а четвртата со 50 проценти динамика и се очекува до октомври да биде завршена, изјави денеска министерот за транспорт Александар Николоски при посетата на општина Струга.

Во однос на трасата Ќафасан-Требеништа, посочи дека во интензивни комуникации се со Албанија и се разгледуваат одредени опции со цел да се изнајде алтернативна рута согласно препораките на Унеско.

Министерот Николоски на средбата со струшкиот градоначалник Ќура најави дека заеднички работат  на големи инфраструктурни проекти ,додавајќи  дека се градат автопатите Тетово-Гостивар и Гостивар –Букојчани а од септември ќе започне и изградбата на автопатот Кичево-Букојчани.