Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

Швајцарците денеска гласаат на референдум за иницијативата за ограничување на бројот на жители со закон на десет милиони и задолжување за владата во иднина поригорозно да управува со миграцијата и, доколку е потребно, да ги раскине договорите за слободно движење со Европската Унија.
Иницијативата ја покрена десничарската, евроскептична Швајцарска народна партија (SVP), која има две места во седумчлената влада и најголема парламентарна група.
Во Швајцарија, населението брзо расте и минатата година во таа земја живееле 9,1 милиони луѓе, од кои повеќе од една четвртина немаат швајцарски пасош.
Статистичарите предвидуваат дека населението ќе достигне десет милиони околу 2040 година, пишуваат швајцарските медиуми.
Иницијативата на SVP, која се состои од неколку фази, предвидува дека во моментот кога ќе се достигне бројката од 9,5 милиони, правото на азил и правото на семејно обединување да бидат ограничени.
Швајцарскиот устав веќе наведува дека Швајцарија самостојно управува со миграцијата и ја ограничува со „годишни квоти и контингенти“.
Меѓутоа, таа уставна одредба не се однесува на договорот за слобода на движење со ЕУ.
Со достигнување на границата од десет милиони, швајцарскиот Парламент ќе мора да примени драстични мерки, вклучително и раскинување на договорот со ЕУ од 2002 година.
Во анкета во која учествувале 19.400 Швајцарци помеѓу 19 и 27 мај, 52 проценти гласале против предлогот на SVP, додека 45 проценти биле „за“, а останатите биле неопределени.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
-

Филипче: Тотален колапс во земјоделството - нема откуп, нема пари, субвенциите се намалени
-

Со ,,Дојран гурман фест,, отворена летната туристичка сезона
-

Ако се биде како што треба пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради на есен
-

Оф-роуд ентузијастите од Штип, во служба на пожарникарите
