Македонија
30. May 2024 - 16:31

Во просек годишно во Македонија гинат 60 лица по глава на милион жители во сообраќајни незгоди

250 илјади. Волку казни годишно пишуваат полицајците во Македонија. Празнењето на џебовите на населението, не придонесува да се приближиме до европскиот просек по бројот на загинати лица по глава на милион жители. Во нашата држава годишно гинат околу 60 лица, а европскиот просек е 40. Анализите на надлежните институции покажуваат дека човекот е крив во 95% за случените фатални сообраќајни незгоди.

Еден процент од случените сообраќајни незгоди со смртни последици се должи  на лошата патна мрежа во државата.

Косово е најбезбедната држава во регионот. Во Србија во просек гинат околу 500 лица годишно во сообраќајни незгоди, според експертите ова е огромна бројка за вкупната популација кај нашиот сосед.