Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе

Најмалку 22 лица се повредени во синоќешниот руски напад врз Харков, меѓу кои и осум деца, додека во Киев се повредени четири лица, соопштија украинските власти.
Во Харков, нападот погодил станбена зграда во населбата Салтивка, при што биле уништени два ката, објави „Укринформ“.
Според градоначалникот на Харков, Игор Терехов, бројот на повредени се искачил на 22, додека претходно беше пријавено дека се повредени 16 лица.
Екипите на итните служби работат на местото на нападот и ги расчистуваат урнатините.
Во Киев биле оштетени згради во четири окрузи, а избувнале и пожари во деловни објекти.
Во округот Подилски била оштетена нестанбена зграда, покривот бил делумно уништен, а од ударниот бран биле искршени прозорците на блиската станбена зграда.
Дрон погодил приватна куќа на два ката во округот Холосијив, при што било повредено едно лице.
Пожари избувнале и во деловни објекти во окрузите Печерски и Шевченковски, пренесува „Танјуг“.
МИА
Ново на Сител
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
