Македонија
6. March 2023 - 21:17

Во Македонија ретко кој понесува одговорност - Колку сме далеку од европските вредности?

На помалку од 12 чака од страотната железничка несреќа во Грција, тамошниот министер за транспорт Караманлис, си поднесе неотповиклива оставка. Премиерот Мицотакис, пак, по протестите, денеска сериозно се извини на грчките граѓани за лошата инфраструктура и несреќата... Оставката како морален чин во страотни несреќи како оваа, речиси е неизбежна надвор од Македонија.

Македонците само во странските медиуми можат да прочитаат за оставки на министри кои користеле службен телефон на одмор, или службено возило за да си ги однесат децата на училиште, или затоа што прекршиле карантин во ковид пандемијата. Германската министерка за одбрана пак поднесе оставка само поради новогидишната честитка во која ја спонува Украина, а во позадина се слуша огномет.

 Од оставка, како морален чин, македонските функцнери стигнуваат до понуда до шефот дека се подготовени да се повлечат, но никогаш таквите оставки не се реализирале. Пример, оставката на Фрчковски при атентатот на Киро Глигоров, или пак, на Јанакиески за бродската несреќа во Охрид, или на Филипче за пожарот во модулардната болница.

Но, најчесто на оставака и воопшто не се помислува. Ниту еден функцинер не се повлече и со последните случаи  со смртта на Благојче поради ненабавка на лекот за цистична фиброза и хакирскиот напад на Фондот за здравство. Оставки немаше ни поради автбуски несреќи  во Ласкарци и Бугарија.

Зошто?

За волја на вистината во Македонија сепак има поднесено неколку неоптовикливи оставки како морален чин.

Пример, онаа од 1993 година  на Антони Пешев, кој како министер за сообраќај си поднесе неотповиклива оставка по падот на авионите на Палер и Авиоимпекс во кои животот го загубија стотици патници.  Последната е на Билал Салиу, кој во 2018 година си поднесе оставка поради, како што напиша, поради нарушпената доверба во правосудството со случајот на малиот Алмир.

Единствен кој ја напушти пратеничката функција поради изгубен рејтинг кај гласачите беше професорот Изет Зекири од партијата на Руфи Османи кој влезе во градоначалничка трка во Гостивар, но ја изгуби.