-->
-->
Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-->

Три малолетни деца - петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово.
Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била укажана лекарска помош.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
