Балкан
10. May 2026 - 12:37

Во Хрватска се повеќе случаи на намерно самоповредување, најлоша е ситуација кај тинејџерките

Во Хрватска во периодот 2013 – 2017 година, е зголемен бројот на хоспитализации поради намерно самоповредување, односно намерно нанесување повреда на себеси без потребната желба за смрт, кога беа евидентирани повеќе од 7.500, а највисоки стапки се регистрирани кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години, според податоците на Хрватскиот завод за здравствена заштита.

Податоците за хоспитализациите поради намерно самоповредување во Хрватска од 2017 до 2023 година покажуваат зголемување на стапките и укажуваат на потребата од систематско следење на трендовите и развој на превентивни интервенции, истакна Кармен Корда Орловиќ од Службата за ментално здравје на Хрватскиот институт за јавно здравје на експертски состанок, пренесоа хрватските медиуми.

Претставувајќи истражување објавено во Journal of Prevention, Корда Орловиќ го дефинираше самоповредувањето како секој чин на самоповредување без фатален исход, со различни мотиви кои може, но и не мора да вклучуваат желба за смрт.

Во набљудуваниот период, регистрирани се 7563 хоспитализации поради намерно самоповредување, со просечна стапка од 27,51 на 100.000 жители. Кога на тоа ќе се додадат настани со неодредена цел, бројот на хоспитализации се искачува на 12.225, а просечната стапка на 44,47 на 100.000 жители.

Највисоката стапка во обете анализи е забележана во 2022 година, а најниската во 2020 година, што може да се поврзе со општиот пад на хоспитализациите за време на пандемијата.

Разликите во половите беа утврдени како значајни. Кај намерното самоповредување, мажите имаа 24 проценти пониски стапки од жените. Меѓутоа, кога беа вклучени настани со неодредена намера, стапките беа седум проценти повисоки за мажите отколку за жените.

Корда Орловиќ рече дека ова е едно од наодите што бара дополнително истражување.
Особено се издвојуваат адолесцентите, кај кои стапките на самоповредување се најчести во во споредба со другите возрасни групи. Во хрватските податоци, најизразено зголемување е забележано кај девојчињата на возраст од 15 до 19 години.

Не можете, а да не забележите голем скок на стапките кај женскиот пол за возрасната група од 15 до 19 години, рече Корда Орловиќ, истакнувајќи дека оваа група е особено важна за насочување на превентивните напори.

Во анализата само на намерното самоповредување, највисоката стапка кај девојчињата на таа возраст е забележана во 2022 година и изнесувала околу 147 на 100.000 жители. Кога се вклучени настани со неодредена намера, зголемувањето е уште поизразено.

 

МИА

Ново на Сител