Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари

Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари.
Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал.
Во соопштението на црногорската полиција се наведува дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети.
Барати од 2013 година, како соработник на правно лице од Иран, извршил масовни хакерски напади повеќе од 150 универзитети во САД, предизвикувајќи штета проценета на повеќе од 3,4 милијарди американски долари. Украдените податоци ги користела Иранската револуционерна гарда.
Тој вчера беше изведен пред истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица и ќе биде екстрадиран во САД.
Ново на Сител
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
