Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада

Белградската полиција приведе возач осомничен за обид за тешко убиство, откако со автомобил се обидел да пробие блокада кај Правниот факултет, каде што секојдневно им се оддава почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи се наведува дека е уапсен М.С. (41), кој со автомобил удрил 90-годишен маж, а одредено му е задржување до 48 часа поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство во обид. Еден студент, учесник во блокадата, бил одведен во полиција на информативен разговор.
Полицијата тврди дека инцидентот се случил „за време на непријавен јавен собир“ и дека по вербална расправија возачот со „опел астра“ ја пробил блокадата движејќи се наназад, при што на пешачки премин удрил и повредил маж роден 1936 година. Според белградските медиуми, повредениот е пренесен во болница со скршеница на бутната коска.
Овој случај е еден во низата слични обиди за пробивање на комеморативните блокади, откако во повеќе наврати возачи влетувале меѓу учесниците. Во тие инциденти неколку демонстранти биле полесно или потешко повредени, а српското правосудство води најмалку уште две постапки за обид за убиство на две студентки и неколку членови на Белградската филхармонија.
МИА
Ново на Сител
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
