-->
-->
Внимавајте: Нова измама кружи на Фејсбук
-->

Започна да кружи нова Фејсбук измама при што главна цел се информациите кои ги крие вашиот профил.
Измамата се состои во тоа што најпрво добивате порака во која пишува дека вашиот Фејсбук профил е исклучен поради вознемирување на други корисници и доколку повторно сакате да го активирате ви предлагаат да кликнете на линкот кој што ви се испратен.

Со кликнувањето на линкот кој што ви е испратен од вас се бара да внесете податоци, вклучувајќи го вашиот датум на раѓање. Немојте тоа да го правите, бидејќи на напаѓачите ќе им ги откриете вашите податоци.

Вашиот Фејсбук профил не е деактивиран, не грижете се и затоа заобиколете ја пораката, избришете ја или означете ја како спам и предупредете ги другите преку Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
