Владата нуди помош за санација на мостот Беласица кој изгоре во пожар
Владата е подготвена да и се стави на располагање на градоначалничката Арсовска за надминување на проблемот со кој се соочува главниот град по затворањето на мостот Беласица поради пожар.
Колку време ќе се вршат потребните истражувања, кој ќе ги прави, колку тоа ќе го платиме и кога сообраќајот ќе се врати на мостот се прашања на кои една недела никој не одговара.
Градот Скопје има традиција на медиумски молк веќе неколку месеци, па нивната комуникација со медиумите се сведува на деманти за прашања кои претходно им биле поставени а одбиле да ги одговорат.
Така беше и со вчерашниот демант во кој рекоа дека квази експерти најавуваат рушење на мостот, објаснувајќи дека анализите на терен се уште се во тек и дека по нивниот крај ќе се знае дали и кога мостот ќе биде ставен во функција.
ВМРО-ДПМНЕ прстот го вперуваат во Арсовска и СДСМ
И додека политичките партии ја политизираат темата, на граѓаните не им е до политика. Поради затворениот мост сообраќајот во Скопје е во тежок хаос, а состојбата на останатите мостови во метрополата отвора нови стравови дека за кратко време, слична катастрофа ќе има и на друго место.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
