Владата не отстапува од европското знаменце: Ќе ја убедува ЕУ дека коридорите се европски проект
Брисел и пратил писмо на Владата со барање за детално појаснување зошто Коридорите одат под европско знаменце и зошто со Бехтел и Енка склучиле договор во 4 очи.
Информацијата денеска официјално ја потврдија владини претставници на брифингот кој утрово го имаа со медиумите. Според информациите, официјален Брисел бара појаснување зошто закони кои немаат никаква поврзаност со Европската Унија одат во скратена процедура и без дебата.
Од Владата потврдуваат дека за Европската Унија проблем е и тоа што договроот со Бехтел и Енка е склучен во 4 очи и за него не е обезбедена отворена постапка што според Брисел е спротивно на обврските кои Македонија ги презела со потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација.
Од Владата велат дека пред Европа ќе се бранат со внесување на коридорите на мапата на главни коридори на западен Балкан за што министерот Бочварски веќе е на пат кон Црна Гора. Со тоа, Владата очекува коридорите да се најдат на трансевропската мрежа што за кабинетот на Ковачевски е доволно за да се најде изговор за употребата на европското знаменце.
Со или без критиките од официјален Брисел Владата вели дека нема намера да се откаже од скратената процедура за овој проект.
На Илинденска се убедени дека зад амандманите на Левица стои ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да држи брифинзи со новинари, Ковачевски да излезе на ТВ дуел со Мицкоски, побара денеска опозицијата.
Во процесот на уставните измени Владата очекува да најде доволен број на пратеници од опозицијата за да ги внесе Бугарите во Уставот иако како што рече премиерот до овој момент на оваа тема не се водени преговори со никој во ВМРО-ДПМНЕ.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
