Вирусите демнат – ова се намирници кои ќе ви го зајакнат имунитетот

Иако можеби на многумина им недостасува летното сезонско овошје, сепак мора да признаеме дека и есента нуди голем избор на вкусни зеленчуци и овошје.
Најголем дел од нив можат многу да ви помогнат за здравјето и зајакнувањето на имунитетот, посебно во есенскиот период каде настинките стануваат сѐ почести.
Затоа, искористете го денот и отидете на најблискиот пазар и набавете си ги потребните намирници кои со сигурност ќе ви бидат од корист оваа сезона.
Тиква
Една од најкарактеристичните есенски намирници, со прекрасен вкус, мирис и здравствени придобивки благодарение на витаминот Ц кој го содржи, како и високото ниво на витамин А.
Прокељ
Иако е ситен и можеби не изгледа како да има голема здравствена придобивка, прокељот игра голема улога во зајакнувањето на телото одвнатре и однадвор. Сулфурот кој го содржи помага при исфрлањето на токсините од организмот, а содржи и витамин К.
Сладок компир
Оние кои се опседнати со фитнсот, се запознаени со употребата на слаткиот компир по вежбање, за дополнување на електролити, а тој е и богат извор на калиум, магнезиум и натриум.
Пашканат
Овој зеленчук на многумина можеби им наликува на семејството моркови, но пашканатот има различни хранливи својства, а најчесто се користи во супа.
Во него содржи комбинација на силни хранливи состојки како витамин Б6 и Б5, кои се пресудни за производство на енергија во метаболизмот.
Ново на Сител
-

Охрид 19 дена во знакот на водените спортови
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
