Македонија
13. January 2024 - 19:54

Вевчански карневал без забава

Вевчани завиено во црно, потресено од трагедијата која се случи ноќеска, откако во сообраќајка загина 19 годишниот Милан Муковски, жител на општината и син на експратеникот Крсто Муковски.

Годишнава Василица не е како минатогодишните, изостанаа зурлите и тапаните, а оние кои продефилираа со маски иако во помал број сепак ја задржаа традицијата.

Вевчанци видно вознемирени велат дека не паметат вакво издание на карневалот.

Вевчани овој ден го чека цела година, но не на ваков начин, некои од рестораните не работат, а дел се отворени за посетителите, но без музика.

Вевчанскиот карневал се одржува на Василица и е еден од најпознатите на Балканот, а се верува дека е стар околу 1.500 години. Во 1993 година, Вевчанскиот карневал официјално стана дел од Светската федерација на карневалски градови.