Македонија
29. July 2023 - 16:41
Вевчани има гости, но му требаат хотелски капацитети
Вевчани сместено под падините на Јабланица има недостиг од хотелски капацитети. Од година во година ова планинско место станува се попривлечно за туристите но нема доволен број на сместувачки капацитети па посетителите најчесто одат во околните градови. Градоначалникот Кочовски вели дека има заинтересирани инвеститори за градење на капацитети а во процес е и донесувањето на урбанистичкиот план.
Туризмолозите велат дека Вевчани е атрактивна дестинација и има што да понуди во текот на целата година.
Вевчанските извори, планината Јабланица, манастирите старата градба и рестораните се повеќе ги привлекуваат гостите. Ова лето најбројни во Вевчани се домашните и туристите од Холандија, Англија и Полска.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
