Венгу: Во Драч поплавени 800 домови, евакуирани 180 жители, опасноста не е помината

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична.
По состанокот, министерот изјави дека состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Според него, околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста.
„Сите структури се на терен а ситуацијата континуирано се следи, бидејќи опасноста сè уште не е помината“, објави Венгу на Фејсбук.
Тој додаде дека силите за цивилни вонредни состојби, општинските служби и надлежните институции се посветени на управување со ситуацијата и за итна интервенција каде што е потребно.
„Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на структурите за итни случаи сè додека ситуацијата не се нормализира целосно“, порача Венгу.
Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, главно на северот и југот од земјата, кои ќе условат дополнително зголемување на дотокот во реките и езерата и зголемување на поплавените површини.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
