Македонија
24. January 2024 - 16:43

Утре оставки во недела нова Влада

Утре е ден за оставки во недела за гласање. Спикерот Џафери на последниот работен ден во Собранието го објави роковниот.
Утре и тој и Ковачевски ќе си поднесат оставки на своите функции. Во петок Собранието веќе има закажана седница која ќе ја води потпретседателот Мисовски. На неа ќе се констатираат оставките на Ковачевски и

Џафери и истовремено ќе се избере Јован Митрески за Претседател на Собранието. Истовремено, Пендаровски ќе добие информација дека Владата си поднела оставка и дека мнозинството веќе има нов мандатар. Во попладневните часови во петок се очекува Џафери да го добие мандатот од Претседателот. Во сабота, претпладне  тој до Собранието ќе го достави составот на новата Влада заедно со нејзината програма за работа. Седницата на која ќе се гласа Владата ќе се одржи во недела. Планот е собранието да закаже две седници. На првата да се изгласа новата Влада а на втората замениците министри.

За разлика од премиерот, спикерот денеска немаше дилеми. Законот бара Влада во полн состав.

А опозицијата своите кадри се очекува да ги официјализира вечерва. Кој ќе седне во кабинетот на Џафери е информација која во ВМРО-ДПМНЕ во последните недела дена се чува како најстрога тајна. Се погласно се шпекулира дека Наќе Чулев кој се сметаше за најсериозен кандидат за МВР нема да се најде на списокот на Мицкоски. Многу информации немаше ниту на денешната прес конференција на која партијата ги потсети социјалдемократите дека во 2016 тие беа првите кои не гласаа за своите министри во тогашната пржинска Влада

Кадрите кои опозицијата ќе ги предложи заедно со оние кои веќе ги официјализираше СДСМ се единствените кои имаат резервирани столчиња. ДУИ се уште не ги соопштува своите имиња во техничката Влада а молчи и Алијанса која во моментов се уште преговара за изборниот настап. Ако Таравари остане надвор, тоа ќе биде силен сигнал дека владејчакиот блок не се договорил за заеднички настап на изборите.
 
Формирањето на техничката Влада е првиот чекор во изборниот процес. На 28 февруари новиот собраниски спикер треба да ги распише Изборите по што почнуваат да важат законските ограничувања кои им забрануваат на институциите нови вработувања, унапредување или деградирање на враобтени.